.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Свечено отворен Старскиот дом “Свети Спас“ во селото Кравари

Свечено отворен Старскиот дом “Свети Спас“ во селото Кравари

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска свечено го отвори приватниот дом за Стари лица во битолското село Кравари, “Свети Спас“ кој важи за еден од најопремените и најсовремените објекти з згрижување на стари лица не само во Македонија, туку и пошироко.

sv. spas 11

-Ова е 16 приватна установа која се отвора во Република Македонија, 13 се отворени во 2013 година и останатите во оваа 2014 година со што се потврдуваат заложбите на Министерството за труд и социјална политика, во насока на поттикнување на приватниот сектор, приватните инвеститори да инвестираат во отворање на нови старски домови во државата. Со овој капацитет дополнително ќе се подобрат условите за згрижување на старите лица во Македонија на доброволна основа. Сите старски домови вработуваат повеќе од 200 лица во објектите, со што автоматски се зголемува вработеноста, особено на медицинскиот кадар и негувателите- изјави министерот Диме Спасов кој уште и посочи дека уште десетина приватни инвеститори имаат намера да инвестираат во изградба на старски домови во државата.

sv. spas 7

Битола има низа инвестиции во овој дел, капацитетите се подобрени и на јавните и на приватните установи, истакна првиот човек на Битола, градоначалникот, д-р Владимир Талески.
-Условите во Старскиот дом “Свети Спас“ се многу подобрени, има најсовремена медицинска опрема  за грижа на здравјето на старите лица 24 часа. Севкупниот амбиент што како локална самоуправа и со соработка со Владата охрабрува се поголем број инвеститори да почнат бизниси, некои да отвораат, други да ги подобруваат и развиваат нивните бизниси- додаде градоначалникот д-р Владимир Талески.

sv. spas 6

Сопственикот на Старскиот дом “Свети Спас“ Димче Тристовски го изрази задоволството што министерот Спасов и градоначалникот Талески свечено го отворија Старски дом кој според него важи а еден од најмодерните и најсовремените старски домови не само во републиката, туку и пошироко.

sv. spas 8

Б.В.

Фото:  С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*