Ве известуваме дека на 28.09.2017 година (четврток) во временскиот интервал од 07.00 -16.00 часот на место викано” Билбил камен “- Битола, и во атарот на с.Ергела- Новаци, ќе се реализира боево гаѓање со огнено оружје од страна на припадниците на активниот состав на СВР Битола. За таа цел Ве информираме да ја запознаете јавноста со оваа активност и да апелираме да се воздржат од движење на тие региони.