Home / Култура / “Така прават сите“ на Моцарт вечерва го отвора “Интерфест 2014“

“Така прават сите“ на Моцарт вечерва го отвора “Интерфест 2014“

Организаторите на интернационалниот фестивал за сериозна музика “Интерфест 2014 “ ја објавија програмата за годинашниот фестивал, кој започнува вечерва од 2 октомври и се одржува до 12 октомври во Битола.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде вечерва со почеток од 20 часот, во Народниот театар, со комичната опера во два чина на Моцарт “Така прават сите”.
Претставата е во режија на Цветан Стојановски, а диригент ќе биде Саша Николовски – Ѓумар.
Ќе настапат солисти и оркестарот на Македонската опера и балет.

Инаку, годинашниот “Интерфест” ќе биде во знакот на барокната музика.
На програмата на “Интерфест“  е и концертот на Марија Ѓошевска на пијано од Македонија која ќе изведе дела Шуберт, Шопен, Рахмањинов.
В сабота, љубителите на сериозната музика ќе имаат можност да го погледнат концертот на флејта на гостинот од Италија, Алесандро Коста, додека пак Надја Теста од Италија ќе настапи на пијано со дела од Ванхал, Месијан, Пиацола, Мијаги, Борне-Бизе.
В понеделник, дел од програмата на “Интерфест“  е концертот на Алтан Залаи на виолин од Унгарија, а другиот ден од 20 часот ќе настапи баритоне од САД, Кристоф Биернацки.
За сите вљубеници во сериозната музика, организаторите на “Интерфест 2014“ подготвија богата и квалитетна програма.

Интернационалниот фестивал на сериозна музика во Битола се одржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, кој е главен покровител и Општина Битола како помагател.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*