Don't Miss
Home / Политика / Талески:Нема незаконско работење во Општината Битола

Талески:Нема незаконско работење во Општината Битола

Во врска со поднесената кривична пријава од лидерот на битолската СДСМ, Васко Ковачевски, со реакција се јави градоначалникот Владимир Талески кој за медиумите изјави:

-Што се однесува до пресот и најавата на новата кривична пријава на Васко Ковачевски кој што е првиот човек на СДСМ и голем поддржувач на господинот Зоран Заев за кого што знаете од денеска има постапка и се води една интересна постапка за велепредавство. Значи, човек кој веќе интензивно ја оптоварува македонската јавност, ги оптоварува граѓаните. Од денес, некаде низ Македонија почнува една постапка, се собираат потписи за да се потегне иницијатива за велепредавство, што значи веројатно и сите негови поддржувачи нема да бидат одминати од тоа. Меѓутоа, знаете дека пред извесно време СДСМ, исто Васко Ковачевски поднесе кривична пријава против мене. Веројатно тоа е единственото нешто што може да го направат бидејќи секој секуму може да поднесе кривична пријава, меѓутоа јас сум должен ова да го објаснам и да кажам за што се работи. Значи, со многу висока ажурност после околу две и пол години, Васко Ковачевски, човекот кој што зема висока плата, а ништо не работи, го отворил Извештајот на Државниот завод за ревизија. Како што гледате значи тој е од ноември 2012 година и на веб страницата на Државниот завод за ревизија каде што е објаснето работењето на општината и каде што е кажано како работи општината. Сакајќи упорно СДСМ неколкумина од нас да прикажи дека сме криминалци, дека сме коруптивни, не штедејќи средства и начини, денес се одлучи за нешто за што некои би рекле дека е статива, а јас би рекол тотално промашување. Затоа што, и вие можете да го погледнете, а јас ќе ви го прочитам делот што се однесува на материјалното работење на општината. Значи тука, потпишан од ревизорите : Сите материјални аспекти се во согласност со релевантните законски регулативи, упатства и воспоставени политики, освен 4.1 и 4.3. Значи, што сака СДСМ да покажe? Вие знаете дека Советот на Општина Битола носи буџет со кој што буџет предвидува во кои ставки што ќе се плаќа. Значи, таму исто така е предвидено плаќање на делот на социјалните групи, невладини организации, граѓански асоцијации, спорт итн. Во периодот кога ревизорот го гледаше ова, констатира дека нема план и програма што сугерираше Советот да донесе план и програма според кои критериуми ќе го доделува тоа. Но, сите исплатени средства пред тоа и дотогаш, се средства кои се разгледувани од специјална комисија на Советот на Општина Битола, значи се е законски и нема незаконско работење. Меѓутоа, мислам дека немајќи друг начин СДСМ и Васко Ковачевски, го користат ова денеска да го најават политичкиот циркус кој што утре доаѓа во Битола и продолжува со нивното велепредавство, гнасење на резултатите и се разбира обид за одвраќање на инвеститорите од нашиот град – рече Талески.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*