Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го допре дното

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го допре дното

Во врска со поднесената кривична пријава од страна на СДСМ против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, реагираше и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во реакцијата се вели:

-Со какво лице Васко Ковачевски зборува за криминал кога самиот е послушник на аболициран обвинет за криминал каков што е лицето З.З.  Со какво лице Васко Ковачевски зборува за трошење народни пари кога самиот речиси една година незаслужено ги троши народните пари од пратеничката плата без да се појави во Парламентот.  Со какво лице Васко Ковачевски влегува во Судот и Обвинителството кога врхушката на СДСМ, сите свои капацитети ги мобилизираше во гнасно дискредитирањеи девалвирање на судиите и обвинителите кои чесно си ја вршат својата работа. Со какво лице Васко Ковачевски ги повикува утре да излезат на улица, битолчани кои останаа без работа и без пари во срамната приватизација и аферата ТАТ – најголемите и најуспешни проекти на СДСМ . Васко Ковачевски денес призна дека единствениот, како што самиот го нарече, „проект” на СДСМ во изминатите десет години е безобразното пуштање незаконски снимени и креирани телефонски разговори со кои се нарушува приватноста , се уриваат инстистуциите на државата и се оддаваат државни тајни.   Народот се чуди, како не им е срам што во пресрет на најсветлиот христијански празник за време на страсната седмица, продолжуваат да се занимаваат со валканици, со ширење гнев, омраза и поделби меѓу своите сограѓани.  Кога лицето З.З. го узурпираше зборот „вистина” при објавувањето на првата „бомба” лицемерно рече – радувајте се.

Денес е голем празник – Благовештение, кога навистина ни прилега, да се радуваме, ама на добрите, благи вести за проектите за градење, за развој, за вработување.  Проектите на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сето плукање и омаловажување, сепак се посилни и порадосни од сите влаканци што оркестрирано ги сервираат СДСМ и непријателите на македонскиот народ и држава.
И затоа почитувани битолчани, да ги оставиме оние за кои ништо не е свето да тонат во сопствената мизерија, а ние заедно вистински, денес да се радуваме- рече на прес-конференцијата портпаролот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Благој Шаклевски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*