Ракометарите на Пелистер во рамките на третото коло од машката супер лига утре гостуваат во Радовиш на истоимена екипа.
За оваа средба тренерот на Пелистер, Игор Николовски вели:
-Во Радовиш утре ќе патуваме со млада екипа во истиот состав како и на средбата против екипата на Зомимак во Битола. Тешко ќе биде во секој поглед да му се спротивставиме на домашната екипа која е со подобар квалитет од нас. Но, на оваа млада екипа му требаат натпревари и се надевам дека од коло во коло ќе бидеме подобри. Што се однесува пак до конкретната средба со екипата на Радовиш прво ќе мислиме на одбраната да се одбраниме квалитетно, а потоа на нападот.
Инаку, во двете кола од оваа сезона екипата на Пелистер е поразена. Најпрво во првото коло е поразена од екипата на Преспа во Ресен, а во второто коло на домашен терен од екипата на Зомомак.
С.Р.