Don't Miss
Home / Uncategorized / Томислав Тунтев: СДСМ ќе забележи убедлива победа на локалните избори

Томислав Тунтев: СДСМ ќе забележи убедлива победа на локалните избори

Го поздравуваме денешното распишување на локалните избори. Очекуваме убедлива победа на нашите кандидати за градоначлници и листи за советници, во интерес на граѓаните, порача денеска Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен за локалните избори што по промената на централната власт, ќе донесат промени и на локално ниво.

Поддршката што граѓаните ја даваат на СДСМ и проектите што носат живот за сите, секојдневно расте. Тоа е видливо и од нашите секојдневни средби со граѓаните и од општата атмосфера на слобода што владее во изминатите два месеца.

Со победата на СДСМ на претстојните локални избори, започнатиот процес на реформи и ослободување ќе продолжи и на локално ниво.

По промената на локалните власти целосно ќе запре партизацијата и заробеноста на инстутициите на општинско ниво, што денес во голем број се заробени и партизирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Тунтев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*