Иако засега нема официјална потврда сепак според добро информирани извори на порталот на Битолски весник полека се средуваат состојбите во ФК Пелистер.И покрај тоа што најавија заминување од клубот поранешните доминатни сопственици на Пелистер сепак искажале подготвеност да останат во клубот и финансиски да го помагаат.
Во фудбалскиот клуб Пелистер се враќаат и екс репрезентативците Тони Мицевски и Митко Стојковски, кои исто така искажале подготвеност да се вратат во клубот и да го преземат раководењето на Пелистер.
Да потсетиме пред неколку години Тони Мицевски и Митко Стојковски мошне успешно го водеа Пелистер со кого излегоа на меѓународната фудбалска сцена.