Don't Miss
Home / Uncategorized / “Транспортер 1 и 2 “ слика за работењето на ВМРО ДПМНЕ

“Транспортер 1 и 2 “ слика за работењето на ВМРО ДПМНЕ

Доволно видовме што ДПМНЕ како општинска власт направи за Битола во изминатите 12 години. Имаа  повеке од  доволно време да ги реализираат нивните проекти. Наместо тоа од градот си направија акционерско друштво, каде интересите на битолчани ги заменија со своите лични интереси.

Љубовта кон Битола се гледа пред се преку инвестирањето во младите.За жал локалната власт на ДПМНЕ во заминување ниту за нив не направи ништо.

Крајно лицемерно е да ветуваат реконструкција на училиштата кои тие ги оставија во енормни долгови. Нивното неодговорно и недомакинско работење доведе до тоа повеќе од  10 училишта да останат со блокирани сметки.

На почетокот на 2017-та долгот на Медицинското училиште изнесуваше  20 милиони денари,  Крсте Петков Мисирков – 15 милиони денари, Таки Даскало  – 11 милиони денари, Коле Канински 11 милиони денари, Елпида Караманди 7 милиони денари и уште многу други  кои останаа со натрупани долгови, додека вкупниот долг на сите училишта изнесуваше 107 милиони денари, или во превод  1.700.000 евра.

Е тоа е вистинското  лице на ДПМНЕ. Презадолжени основни и средни училишта и еден куп сомнителни тендери меѓу кои и најскапиот превоз за ученици, за кои има и обвинителни акти: Транспортер 1 и Транспортер 2.

Очигледно им стана навика се она што со нивното владеење го донеле на работ на пропаст, за време на кампања да ветуваат дека ке го поправат. Па така сега имале визија и за Офицерскот дом. Истите оние поради кои објектот е во распаѓање сега ке го реновирале, а што е уште потрагично освен што го оставиа да пропадне, сакаа и да го продадат со смешна почетна цена од 900.000 евра. Да не се побунеа вистинските битолчани кои си ја сакаат Битола тоа и ке го направеа.

Битола заслужува многу повеке, одговорна и транспарентна локална самоуправа за која интересите на битолчани ке бидат на прво место и која ке го врати сјајот во градот и во него навистина ке има живот за сите. Тоа и ке го добие на наредните избори со заокрузување на бројот 19.-, истакна Корлевски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*