Don't Miss
Home / Вести / Трета меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“

Трета меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“

Во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), денеска во Скопје се одржува третата меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“.

Низ презентации на научно-стручни трудови и стручна литература, бројни реномирани домашни и странски експерти од областа на сообраќајот ќе разменат искуства и добри практики на теми кои ги опфаќаат безбедноста на сообраќајот и на учесниците во сообраќајот на патиштата, сообраќајното инженерство и проектирањето, интелигентните транспортни системи и новите технологии, сообраќајната политика и регулативите, националната и меѓународната соработка и многу други теми во функција на подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, информираат од РСБСП.

Комерцијална објава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*