Фирмата Цермат, која извесно време беше доминантен сопственик на ФК Пелистер нема никакви обврски спрема Пелистер и сегашниот главен акционер Орце Камчев може слободно да ги инвестира своите 1 милион евра во работењето на клубот за наредната сезона.
Ова во најкуси црти стои во соопштението на Цермат која од страна на сегашниот акционер Орце Камчев е обвинета дека не ги исполнила обврските спрема Пелистер и дека наместо да ги исполнува своите обврски, на клубот му давала позајмици.
Инаку преземањето и финансирањето на Пелистер од страна на сопственикот на Цермат предизвика многу контраверзи, а договорот со кој општината Битола му го продаде клубот на Цермат остана најголема и добро чувана тајна, која никогаш не ја виде светлината на денот, иако советниците на опозицијата долго време инсистираа на тоа.