Home / Uncategorized / Туристичката агенција Ариес Травел прославува 15 години постоење

Туристичката агенција Ариес Травел прославува 15 години постоење

На ден 04.12.2014 година, Ариес Травел го одбележува 15 годишниот јубилеј од своето постоење. Ариес Травел е туристичка агенција од Битола која за сиот овој период остана и продолжува да биде   една од најуспешните национални туристички агенции.

Приказната на Ариес Травел започнува во 1999 година, која од мала локална агенција со визија за внесување на напредните светски трендови во туризмот успеа да формира партнерска мрежа со повеќе од 45 партнери ширум светот.

Она што ја издигнува Ариес Травел над останатите агенции е клучната компаниска стратегија, грижата за клиентите, новитетите и воведувањето на онлајн бизнисот како компаниска стратегија за развој.

Особен успех бележи и во промоцијата на Македонија како дестинација за патување, а воедно значително допринесува и кон зголемувањето на бројот на странски туристи во земјата.

ТА Ариес е првата агенција која воведе на пазарот не само нови трендови во поглед на летувањата, но и нови дестинации и капацитети.

Исто така таа е реномирана и овластена агенција за посредување и обезбедување на туристички и иселенички визи за многу земји од светот, со специјалност при посредување и консултации за обезбедување на визи за САД, Канада како и Австралија.
Ставајќи ги своите клиенти на прво место, Ариес Травел успеа да креира бренд и е поим кој означува квалитетна услуга кога станува збор за Македонскиот пазар.

За таа цел им се заблагодарува на своите ценети партнери, соработници, а пред се на лојалните клиенти, бидејќи тие се причината за незиното долгогодишно и успешно работење.
По повод 15 годишниот јубилеј Ариес Травел на сите свои ценети клиенти и пријатели им подарува 15% роденденски попуст на програмата на аранжмани за лето 2015.
Добијте го ваучерот за попуст со пополнување на контакт формата и следењето на упатствата на: http://aries.mk/15-popust/.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*