Don't Miss
Home / Економија / УСАИД се повлекува од Бизнис инкубаторот во Битола?

УСАИД се повлекува од Бизнис инкубаторот во Битола?

Дали наскоро ќе биде ставен клучот на Бизнис старт ап центарот кој со поддршка на Соединетите Американски држави беше отворен за помагање во водењето на малите бизниси во Битола?

Според информации на нашиот портал, УСАИД одлучи да прекине со поддршката на Бизнис старт ап центарот во Битола . Како што дознаваме, наводно, ваквата одлука Американците ја донеле откако ревизијата која ја направиле за работењето на Бизнис старт ап центарот покажала дека во работата на овој Центар имало доста неправилности и злоупотреби.

Според наши извори, во еден дел на Бизнис инкубаторот исклучена е струјата па така веќе не може воопшто да се работи. А некои од фирмите коишто работеа на проекти во Центарот веќе се иселија.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*