Утре, недела ,10-ти септември во дворот на Општина Новаци со почеток во 11,00 часот започнува манифестацијата „Македонска етно венчавка“.
Со неа оваа година го завршуваме Културно лето Новаци 2017.
Агендата манифестацијата е збогатена и со „Ревија на македонски народни носии“ , на која учествуваат претставници од повеќе региони во Македонија, кои што ќе ги претстават своите специфични обележја на носиите од својот крај.
Друга новина е и гастрономскиот натпревар во подготовка на традиционални и автентични јадења со кои ќе биде претставена богатата ризница и богатото културно наследство за регонот на Пелагонија и Република Македонија .
Со ова ќе биде прикажана можноста за презентација на вештините и способностите на учесниците со нивниот гастрономски потенцијал кој би можел да придонесе за развој на општината во функција на комплетната туристичка понуда на општината и регионот .
Натпреварувањето е во четири поединечни и една групна категорија која соодветствува со манифестацијата, а тоа е „Подготовка и сервирање на маса за свадба“. Пријавени се учесници од Општина Новаци и Општина Могила. На манифестацијата учествуваат КУД Новаци и повеќе културно уметнички друштва од регионот кои ќе ја збогатат програмата. Носител на манифестацијата е „Центарот за едукација и негување на традцијата и фолклор „Етно Илинден “ Битола , и „Центар за обука и примена“ Битола. Организацијата е на Културно иновативниот клуб и Општина Новаци