Don't Miss
Home / Политика / Васко Ковачевски: Крај за репресивната казнена политика

Васко Ковачевски: Крај за репресивната казнена политика

Во 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ бевме сведоци каде инспекциските служби беа инструмент за репресија, уцени, заплашување и политички притисоци. Тоа на својот грб го почуствуваа многу стопанственици и дуќанџии со плаќање на честопати и енормно високи парични казни, поради што некои од нив дури  банкротираа.

Ова го истакна кандидатот за пратеник на СДСМ,  Васко Ковачевски кој притоа презентираше документ од кој можеше да се види дека за мнимална парична  казна извршните  трошоци беа далеку поголеми.

-Оваа сурова практика ќе остане во минатото по победата на СДСМ и здружената опозиција на изборите на 11-ти декември. Превенцијата ќе биде темел на казнената политика. По извршената опомена, ќе се врши едукација со стопанствениците за почитување на законот, за да го вратиме мирот и спокојството кај даночните обврзници.  Прво ќе се опоменува за сторен прекршок и само при негово повторување ќе следува казна. Но и таа казна нема да биде енормно висока, како досега, туку ќе биде пропорционална на приходите на фирмата. Казната ќе биде со цел фирмите и работодавачите кои се огрешиле, да се поправат и да го продолжат својот бизнис по сите правила на законите и прописите. Инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. Изборот на правните субјекти кои ќе бидат контролирани ќе се спроведувапо случаен избор, или по пријава со цврсти докази. Извршителските трошоци нема да бидат повисоки од 20 проценти  од висината на спорот, истакна Ковчевски, кој притоа додаде:

-По 11. декември, со сите наши мерки од изборната програма, ќе ја вратиме вербата во институциите, ќе го вратиме мирот и спокојот кај граѓаните, рече Ковачевски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*