Заменик минстерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија , Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски ги посетија поплавените подрачја во општина Новаци,остварија средба со градоначалникот Лазар Котевски, претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Танатров и одржа состанок со раководството на ЗК Пелагонија.
-Заменик министерот го запознавме со актуелната состојба, каква е ситуацијата со поплавените подрачја, оштетувањата, претрпените штети и слично, ја скенираше состојбата со барањата и изјавите кои земјоделците секојдневно ги поднесуваат во општина Новаци. Досега има поднесено околу 250 барања за увид врз направените штети- изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Костадиновски посочи дека како Влада ќе донесат мерки со кои ќе ги заштититат и земјоделците и граѓаните кои беа најпогодените во оваа природна катастрофа.
-Можам да кажам дека сите индивидуални земјоделци и друди земјоделски организации што се погодени ќе добијат подршка од владата односно ќе им биде во некоја мера надоместено за она што им е загубено.Владата и министерството ќе ги разгледаат барањата на земјоделците како и земјоделските компании и организации, со цел да им помогнат и да им се надомести она што го загубиле – изјави Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство.
Граѓаните не треба да стравуваат дека ќе нема храна. Владата ќе донесе мерки со кои ќе бидат заштитени и земјоделците и граѓаните- додаде заменик- министерот Костадиновски.
ЗК Пелагонија каде што се одвиваше денешната средба е еден од најпогодените комбинати каде под вода се 8 500 ха површина. Само од неожнеаната пченка се проценува штета од 50 милиони денари.
Но, како што рече директорот Томе Давков комбинатот нема да се обесхрабри туку веднаш штом се созададат услови ќе се премине со пролетна сеидба на оние површини каде тоа ќе биде изводливо.
Сосотојбата со поплавените подрачја ја следи и Агенцијата за храна и ветеринарство.Од таму велат дека прво мора да се повлече водата за потоа да се преземат потребните мерки.
-Откако ќе се повлече водата ќе се направат контроли и за луѓето и за животните, вели Зоран Поповски, од Агенцијата за храна и ветеринарство.
На денешната средба, земјоделците имаа можност да изнесат свои барања и мерки со цел да се надминат целокупните проблеми со поплавите.
Б.В.