Don't Miss
Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со својата деструктивна политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со својата деструктивна политика

И владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешната  прес-конференција  на опозициската СДСМ од Битола .

-Откако подолго време ни трага ни глас немаше во јавноста од нив, СДСМ денеска се обидоа да локализираат во озборување кое што го практикува нивниот лидер Зоран Заев од Скопје. ВМРО-ДПМНЕ останува доследна на своите цврсти принципи на почитување на законите и нивно спроведување кое се базира на основа на документи и не селективен пристап во повикувањето на одговорност на лицата кои што постапиле спротивно на законската регулатива. Наместо да зборуваат за идеи, СДСМ продолжува со својата деструктивна политика. Наместо да зборуваат за предвреме исплатениот долг кон ММФ, за инвестициите, за зголемувањето на платите и пензиите, македонската и битолската јавност според нивното сценарио треба да биде заложник на ефтини локални озборувања- изјави Благој Шаклевски од владејачката  ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*