Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветува нереален популизам

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветува нереален популизам

Во врска со изнесените констатации на општинската организација на СДСМ, со реакција се јавија од ВМРО ДПМНЕ.

Во реакцијата меѓу другото се вели:

-Почитувани од СДСМ, програма немате , капацитет немате, способни луѓе немате, поддршка немате  и ви останува само плукање, негирање и омаловажување – нешто што во последниве две години од политичката криза, видовме дека вашиот лидер Зоран Заев со малото друштво околу него,  најдобро знае да го прави.

Дел од вашата таканаречена Програма препишавте, слоганот и боите на кампањата ги украдовте и со продавање гол, неаргументиран, нереален популизам кој примамливо звучи ама е неостварлив, се надевате дека ќе излажете барем понекој од своите некогашни поддржувачи, кои денес исто така ви го вртат грбот.

Поддршката и кај своите ја изгубивте, со обидот да излажете и по некој од чесните албански гласачи,откако Зоран Заев отвори многу опасни, етнички теми, кои ја загрозуваат унитарноста на државата и заговараат редефинирање на нејзиното уредување.

Дури и вашите партиски членови знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ има обемна, реална и остварлива Програма на петстотини страници , дека Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  има знаење, капацитет , стручни луѓе и широка народна поддршка -РЕАЛНО да ги оствари ветените проекти, од прв до последен, со прецизни рокови и детален буџет- стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Ние немаме намера да негираме дека во остварувањето на досегашните програми и проекти  на Владата и Општината, предводени од ВМРО-ДПМНЕ немало  и понекој пропуст, превид или  задоцнување. Не сакаме да тврдиме дека сме безгрешни .Но тоа не не колеба во ниту еден момент да се откажеме од било кој ветен проект, како што до сега во најголем дел и сме ги оствариле.

Проектите кои се однесуваат на Битола имаат значајно, централно место во нашата изборна Програма и по важност, и по обем, и по издвоени средства и Вие, драги наши сограѓани, најдобро знаете да оцените што за Вас е подобро, и кој знае, умее и може да обезбеди работа, стабилност и напредок за Битола и Република Македонија, се вели во реакцијата на портпаролката на ВМРО ДПМНЕ,   Валентина Маркоска.

 

 

Б.В.  

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*