Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ се возеше на сметка на учениците!?

ВМРО ДПМНЕ се возеше на сметка на учениците!?

Со заминувањето на  Владимир Талески од градоначалничката функција во општинската администрација луѓето ја отворија душата.

Од луѓе блиски до кабинетот на Талески денеска во редакцијата на Битолски весник бевме информирани дека кога станува збор за “бесплатниот “превоз  за учениците тој бил толку многу скап, затоа што сите изминати години на сметка на учениците се возеле партиски активисти на ВМРО ДПМНЕ за сите органзирани митинзи во Скопје и секаде каде што било потребно.

Извори блиски  на Битолски весник тврдат дека  со амин на првите луѓе на Општината на сметка на учениците биле организирани караваните за митинзите на ВМРО ДПМНЕ, кој подоцна го плаќале училиштата. Колку има вистина во ваквите тврдења треба да потврди судскиот процес во Транспортер, кој се води во Основниот суд во Скопје,а во кој се обвинети Талески, неговата десна рака Бончановски, како и уште 19 директори на училишта и автопревозни претпријатија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*