Ако денот се познава годината во Битола во 2017 година ќе биде мошне плодна.
Само неколку минути по влегувањето во новата 2017 година во Битола на свет дојдоа 4 новороденчиња.
Според зборовите на дежурниот гинеколог на Клиничката болница во Битола, д-р. Гоце Чакаревски во болницата, на свет дошле 3 новороденчиња.
Сите тие на свет донесоа здрави бебиња, а трите среќни мајки се прворотки.
Породувањата поминале сосема нормално и без никакви компликаци.
Првиот ден во новата година се роди и едно женско девојче и во приватната болница “Плодност” во Битола, која неодамна прослави 5 години од своето постоење.
На сите среќни мајки денеска напладне градоначалникот на Битола, Владимир Талески им подари букети свежи цвеќиња и вредносни писма од по 10.000 денари.
Инаку, според првиот човек на Клиничката болница во Битола, д-р. Василие Најдовски новогодишната прослава во Битола поминала релативно мирно и без некои поголеми инциденти.
Во Службата за ургентна медицина лекарска помош побарале само 12 битолчани, претежно млади деца, од кои најголемиот број биле поради преголема алкохолизираност, а имало и со предозираност од наркотични средства.
Еден од пациентите пробал да си ги исече вените, но тој навреме побарал помош и медицински бил згрижен.
Б.В.