Пелистер – Скопје 1:0 (0:0)
Тоа што сите љуботели на фудбалот во Битола го посакуваа и изгледаше неостварливо се случи. Пелистер во Битола го победи Скопје, а преостанатите две средби беа во корист на фудбалерите на Пелистер.
Со трите бода Пелистер ќе игра бараж за пласман во Прва лига.
Противник на Пелистер ќе биде екипата на Турново, а двата натпревари ќе се играат во Скопје на 25 и 29 мај. Средбите најверојано ќе се играат на стадионот “Петар Милошевски“.
По успехот на Пелистер, тренерот Наум Љамчевски рече:
-Кога ја презедов екипата единстевна цел беше да се обезбеди опстанок во Втора лига. Но како се приближуваше крајот игравме добро и освојувавме бодови кои на крај ни донесоа бараж за пласман во Прва лига. Екипата на Турново е добра прволигашка екипа, но мотивот кај овие млади фудбалери е голем и се надевам дека на 29 мај ќе бидеме прволигаши. Сакам на фудбалерите и на малкумината кои веруваа во нас да им се заблагодарам за поддршката која ни даваа овие два изминати месеци.
С.Р.