„Во една тешка недела за државата, се сретнавме да дадеме заедничка поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го и правото на мирен протест и на осуда на насилството без разлика дали во криминални или политички цели. Ние исто така се согласивме да продолжиме со дијалогот за унапредување на евроатлантската агенда за доброто на граѓаните“.
Ова е заедничката изјава на претседателите на најголемите политички партии во Македонија – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Средбата траеше повеќе од два часа.
Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ рече дека на средбата секоја страна ги истакнувала своите ставови, а амбасадорите биле само гости на средбата.
Она што неофицијално се дознава дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски предложил формирање на работни групи за надминување на политичката криза во земјава, а преку кои етапно би се решавале сите проблеми.
За Заев овој предлог не бил прифатлив и тој инсистирал на оставка на Груевски и формирање на преодна влада која ќе треба да ги организира наредните избори.
Извор: мкд.мк