Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев, кој е еден од осомничените во акцијата „Пуч”, заедно со неговите сопартијци одржува прес-конференција, додека пред партиското седиште се собираат граѓани кои го поддржуваат, но и кои го осудуваат поради делото за кое е осомничен .
Во исчекување на информации од прес-конференцијата и за случувањата пред седиштето на СДСМ, потсетување на претходната изјава на Заев.
– Вистината ќе излезе на виделина пред очите на целата македонска јавност. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната национална и верска определба, да се приклучат, во рамките на Уставот и законот, да си го вратиме владеењето на Уставот наш, на законот наш, да си ја вратиме Македонија – рече Заев пред да започне координативната средба во седиштето на СДСМ.
Извор: Нова Македонија