Don't Miss
Home / Uncategorized / Затвореникот се потурил со колонска вода и се (само)запалил

Затвореникот се потурил со колонска вода и се (само)запалил

Кога некаде околу 21 часот надзорниците ја направија вообичаената визита на ќелиите Ферат Алију како и вообичаено лежеше во својот кревет.

Ништо не наговестуваше дека по само неколку минути тој ќе посегне по својот живот.

И штотуку надзорниците се подготвуваа да го стокмат својот вечерен рапорт, дека се е во ред со затворениците, одеднаш од кај келијата на притворското одделение кадешто лежеше Ферат се слушнаа викотиници и барање помош.

Што може да биде помислија надзорниците, кои во тој момент веднаш се стрчаа кај ќелијата.

Во првиот момент, откако ја отворија вратата на ќелијата видоа како телото на Ферат е во пламен, а Ферат се обидуваше да го изгасни огнот.

Во истиот момент надзорниците почнаа да го гаснат огнот. Набрзо во затворот пристигна и Брзата помош.

Нешто подоцна пристигна и јавен обвинител и крим техничари од СВР Битола.

Откако извршија увид под придружба затвореникот Ферат Алију, кој беше во свесна состојба нешто пред полноќ беше спроведен во Клиничката болница во Битола, каде беше примен во Ургентното одделение.

По првичниот преглед затвореникот со видливи опекотини по телото веднаш беше хоспитализиран во хирушкото одделение, каде по реаниматолошкиот зафат беше зклучено дека тој мора да биде однесен на лекување во Скопските клиники.

Вака изгледаше драмата кој завчера вечерта се случи во затворот кај Црн мост во Битола.

Освен штурото соопштение кое Управата на затворот го подготви за новинарите не се познати некои други поединости околу тоа зошто затвореникот Ферат Алију, се обиде со колонската вода, која најмногу ја обожаваше и која му го разубавуваше лицето, да се (само) запали.

Според соопштението Ферат Алију на возраст од 44 години е од Куманово.

Тој во битолскиот затвор се наоѓа нешто повеќе од една година.
 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*