Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков кој утрово беше приведен за настаните од 27 април, дал исказ пред судија на претходна постапка. Како што неофицијално дознаваме, во судот завршен е распитот и на уште петмина други од групата приведени. По сослушувањето, судијата на претходна постапка има рок од најмногу шест часа да им го врачи решението за одлуката за притвор на осомничените.