Иако најавуваа континуирани протести пред општинската зграда се додека градоначалникот на Битола д-р. Владимир Талески не си поднесе неотповиклива оставка, сепак Здружението за чист воздух во Битола,” За нас се работи “ неочекувано го прекина протестот пред општинската зграда без да добие одговор на нивните барања за оставка на Талески.
До прекинот на протестот дојде поради неочекувано малиот број на членови на Здружението “За нас се работи“ кои останаа да протестираат.
Според најавите денеска тие требаше да му ја врачат писмената изјава, која градоначалникот д-р. Владимир Талески требаше да ја потпиши за да си поднесе оставка на својата функција.
Инаку, да потсетиме членовите на Здружението “ За нас се работи” вчера најавија масовни протести на кои очекуваа да земат учество неколку илјади битолчани.
Но и и покрај големата маркетиншка кампања и агитирање на протестниот марш зедоа учество многу мал број членови и поддржувачи на Здружението.
Малиот одзив на учесници на протетсот ги раскара членовите на Здружението, кои синоќа на нивната Фејсбук страница ги обвинија битолчани зошто не излегле на протестот и не им дале поддршка ,иако според “лајковите “ имале над 14. 000 поддржувачи.
Инаку градоначалникот на Битола д-р. Владимир Талески, гостувајќи на една од локалните телевизии категорично изјави дека луѓето кои протестираат, кои себеси се претставуваат како екологисти, а испорачуваат класични политички барања немаат ни кредибилитет, ни морално право да бараат од него оставка.
-Јас ја добив довербата на над 27.000 битолчани и пред нив чувствувам одговорност да ги реализираме започнатите проекти. Тоа што неколкумина членови на Здружението,” Битола сака чист воздух “ си поигруваат со чувствата на битолчани и под превезот на нивната наводна “загриженост” за загадувањето на воздухот во Битола ја загадуваат политичката клима во градот, притоа не криејќи дека нивните намери не се еколошки, туку политички, во никој случај нема да ме предомислат да остапам од својата функција, која по третпат ја добив на локалните избори, вели градоначалникот Талески.
Б.В.