Don't Miss
Home / Uncategorized / Протест на Здружението за чист воздух во Битола

Протест на Здружението за чист воздух во Битола

Неколку стотини членови, поддржувачи и граѓани на Битола, вечерва, во организација на Здружението “За нас се работи“ одржаа пред општинската зграда мирен протест.

ostavka 2  ostavka 5
Иако, беше најавувано масовно учество на протестот од неколку илјади битолчани, сепак, вечерва, на протестниот марш излегоа далеку помал број.

ostavka 7

ostavka 3

Главното барање на Здружението “За нас се работи“ кое пред неколку месеци покрена иницијатива за чист воздух во Битола е оставка на градоначалникот Владимир Талески.

ostavka 4  ostavka 6
Според најавата тие вечерва цела ноќ ќе останат пред општинската зграда, а во текот на утрешниот ден ќе му го врачат барањето за оставка на Талески.
Доколку, според нив, Талески не поднесе оставка, тие најавија поставување на шатори пред општинската зграда и натамошни континуирани протести.

ostavka 10

ostavka 11

ostavka 15

ostavka 1

Во изјавата за медиумите градоначалникот Талески истакна дека Здружението “За нас се работи“ кое неодамна од Фондацијата “Сорос“ им беа доделени  23 илјади долари наместо да се занимава со активности од областа на екологијата, поставува чисто политички барања.

Со ваквите протести тие имаат намера сриозно да ја дестабилизираат атмосферата во Битола, изјави градоначалникот Талески.

 

Б.В.

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*