Здружението за заштита на животните и животната средина “Мали херои“ од Битола жестоко реагираат за громорозниот чин на улица “Партизанска“ во Битола, каде мртво куче врзано со јаже за контејнер ги згрози жителите на улицата и граѓаните на Битола.
-Повторно е регистрирано изживување врз едно невино и лесно ранливо живо суштество, кученце, кое што на грозоморен и загрозувачки начин е лишено од својот живот. Примивме дојава од загрозени граѓани за мртво куче врзано со јаже. Едниот крај од јажето околу неговиот врат а другиот за еден од контејнерите кои што се наоѓаат на ул. “Партизанска“, поточно во делот СИМПО.
Идентитетот на извршителот на овој грозоморен акт за жал не е познат, затоа апелираме до сите граѓани на општина Битола кои што имаат било каква информација да не известат. Ние како Здружение за заштита на животните исто така апелираме до надлежните да си ја работат својата работа, да излезат на терен и да сторат се што е во нивна моќ да го пронајдат монструмот на ова кривично дело. Исто така сакаме да напомениме дека животните во Р. Македонија се заштитени со закон за заштита и благосостојба на животните така што секое превземено дејстиве како што е измачување, иззживување, труење или на било каков друг начин лишување од живот животното следува и соодветна санкција- се вели во соопштението на Здружението за заштита на животните “ Мали херои“ од Битола.
Б.В.