Шестчасовното сведочење на струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачавалиев започна со тврдење дека Заев му барал поткуп од три евра за метар квадратен, едно за себе, едно за Црквата и едно за партијата, а заврши со тоа дека го наведувал Заев да го каже тоа што го кажал на снимките од неговиот кабинет.
Сведокот потврди дека до сега на државата и платил давачки за само 7000 метри квадратни од земјиштето, но дека воопшто не дал пари за поткуп.
Сачавалиев во МВР пријавил на 19 декември и на прашање на одбраната потврди дека додека бил таму, случајно го видел Чавков. Тврдеше дека тој не разговарал со Чавков туку само двајцата инсепктори што биле со него. Слушнал дека го пофалил како најголем работник во Струмица. Одбраната изрази сомнеж дека оваа средба била случајна. И прашаа кого друг сретнал во министерството.
Сведокот објаснуваше дека опремата му ја инсталирале од МВР во негово палто кое му го носеле пред средбите со Заев, а потоа пак го земале. Имале зимско и летно палто во кое била вградена опремата. На денешното рочиште беше планирано да се гледа снимката што ја снимал сведокот, но судијата рече дека ќе чекаат одлука од Апелација доколку се жали Обивнителството.