Home / Вести / Јапонија целосно реновираше основно училиште во Могила

Јапонија целосно реновираше основно училиште во Могила

                  

          Со средства на Јапонската влада целосно е реновирано основното училипште “ Браќа Миладиновци “ во селото Добрушево, општина Могила.

Проектот за реновирање на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во селото Добрушево  се изведе преку целосна реконструкција со поставување нови прозорци, врати, покрив, одвод и нов систем за греење.

Вкупната  вредност на проектот изнесуваше 54.325 евра.

Со реализацијата на овој проект во голема мера ќе се подобрат   условите  за учење и изведување настава  во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

          Училиштето денеска беше свечено дадено во употреба, а на овој свечен настан присуствуваа заменик шефот на Мисијата на Амбасадата на Јапонија, г. Такахаши Сатору  и градоначалничката на Општина Могила г-а Јасмина  Гулевска.

          Во име на јапонскиот народ, Н.Е. Такахаши Сатору изрази благодарност за поддршката на граѓаните на Могила кон пријателството помеѓу Јапонија и Могила.

  Тој изјави дека јапонскиот народ е многу среќен за сите граѓани на Општина Могила кои ќе имаат бенефит од овој проект.
Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и 47 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*