.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Истрага за фирмата “ЕКО клуб“ Битола

Истрага за фирмата “ЕКО клуб“ Битола

После објавувањето на наодите за уништувањето на медицинскиот отпад во Дрисла на фирмата ЕКО клуб од Битола, ОЈО спроведува предистражна постапка.

Од Јавното обвинителство велат дека надлежниот јавен обвинител веднаш истиот ден по приемот на кривичната пријава издал наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази за утврдување на фактите и за проверка на наводите во пријавата. По издадената наредба, како што наведуваат оттаму, сè уште се постапува. Со оглед на тоа што предметот се наоѓа во предистражна постапка, ОЈО Скопје во моментов не споделува повеќе детали.

Фирмата „Еко клуб“ лани во печката на депонијата Дрисла уништила 4,7 тони медицински отпад, а само во јануари годинава во Дрисла биле донесени 1,7 тони ваков вид отпад. Директорот на депонијата Дрисла Коста Начевски вчера изјави дека на 4 февруари, само неколку часа откако градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференција кажа дека „Еко клуб“ несоодветно го третирала отпадот, од оваа фирма на депонијата пристигнале 3 камиони Дозволи за транспорт на медицински отпад во земјава имаат четири компании, а три за третман на медицинскиот отпад.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули вчера рече дека се проверуваат сите дозволи и доколку се утврдат неправилности кај битолската фирма, никој нема да биде поштеден.

„Еко клуб“ медицинскиот отпад го транспортира од болниците во Битола и Прилеп.

За согорување на медицински отпад во печката на Дрисла се наплатува по 59 денари за 1 килограм односно еден тон фирмите ќе ги чини 59.000 денари. Депонирање пак на еден тон комунален отпад на депонијата чини 670 денари.

Шилегов пред два дена објави снимки како во погоните на „Еко клуб“ медицинскиот отпад без термичка обработка и стерилизација се депонирал како комунален отпад на Дрисла. На снимките се забележуваат епрувети со крв, игли, шприцеви, крвави гази и друг медицински отпад, исцедокот од камионите се исфрла во канализација, а кучиња скитници го јадат и развлекуваат отпадот.

Инаку Битолски весник пред неколку години пишуваше како фирмата ЕКО клуб го уништува медицинскиот отпад во една од импровизраните печки во селото Логоварди.

Тога жителите на Логоварди надолго и нашироко ни кажуваа како во ноќните часови камиони од Кичево Охрид, Струга доагаа во Битола каде во една од печките с еуништуваше медициснкиот отапд.

Во времето кога с егореше таквот отпад житеите од Логоварди едноставно не можеа да дишат од смрдеата која се испушташе.

Подоцна, по тие написи во Битолски венсик таа печка беше затворена .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*