Home / Uncategorized / Промовирана програмата “ Обнова на Македoнија “ во Битола

Промовирана програмата “ Обнова на Македoнија “ во Битола

                  

          Денеска на градскиот плоштад “ Магнолија “ во Битола беше промовирана програмата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “ Обнова на Македонија “.

          На промоцијата говореа екс министерот за финансии Трајко Славевски, министерот за здравство Сашко Кедев и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

          -Програмата Обнова на Македонија, која ја изработуваа бројни  македонски експерти и експерти од странство,  содржи 1.000 проект,  за сите области.

          Таа нуди повеќе пари за сите, наместо демагогија, раст на БДП за 4 отсто годишно, реиндустријализација, пониски даноци, низа поволности  за младите, враќање на младите во државата, повисок студентски стандард, зглемување на платите на професорите во  основното и средното образование до 36.000 ден, а во високото образование до 100.000 ден, реновирање на студентските домови, развој на спортот, зголемени субвенции во земјоделието, рече  Христијан Мицкоски.

          Зборувајќи за проектите за Битола, Мицкоски нагласи дека ќе се гради автопатот Скопје Битола до Грчка граница, гасификација на Битола, доградба на стадионот под “Тумбе кафе“, инвестиции во културата.

          На промоцијата на програмата, екс министерот за финансии  Трајко Славевски најави враќање на рамниот данок од 10 отсто во првата година и 8 отсто во 2022 год, реално зголемување на платите  за 25 отсто, раст на пензиите по  нова формула од сегашната, враќање на Македонија во првите 10 топ 10 земји по Дуинг бизнис во светот, енергична борба против сивата економија и корупцијат, нулта толераница за корупцијата.

          Обраќајки им се на присутните екс министерот за здравство Сашко Кедев се задржа на реформите во здравството.

          Тој најави вложувања во превентивното  и примарното здравство.

          Посебно ќе се зафатиме со враќање на довербата на граѓаните кон јавното здравство, воведување на регистер на болни, дигитализација на здравствениот систем, рече Сашко Кедев.

Промоцијата на програмата наместопред Центарот за култура се одржа на “ Магнолија “ со почитување на сите здравствени протоколи, пред поголем број присутни членови, симпатиезри  на ВМРО ДПМНЕ и граѓани на Битола.

         

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*