Home / Спорт / Битолчани го презедоа врвот во Втората кошаркарска лига- Запад

Битолчани го презедоа врвот во Втората кошаркарска лига- Запад

Екипата на Хераклеа од Битола со гостувањето кај Партизан Водно Санс оствари  победа од 85-90(43-41) како и неделната победа над Мега Баскет од Прилеп со 100-74 (47-26) одиграна во Битола и со 6-та победа од 7 мечеви го запоседна врвот на табелата во Втората кошаркарска лига- Запад.

 Момците на Зоран Петковски со одлична игра во одбрана, но и во напад успеаја да победат во салата Јане Сандански против амбициозниот скопски домаќин.

Кај гостите од Битола двоцифрен број кошеви имаа дури 5 кошаркари и тоа: Анакиевски,Василевски,Митревски,Г. Трајковски и В.Трајковски. Како и во вториот дел шанса добија помладите Никола Попов,михаил Трајковски,Андријан Марков и Арлинд Махмуди. 

Текст и фото Димитар Петковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*