Со свечена седница која започна со едноминутно молчење за трагично загинатите во пожарот во Кочани беа одбележани 29 години успешно постоење и функционирање на Општина Новаци.

Градоначалникот Стевче Стевановски и Советот на Општина Новаци доделија еднократна парична помош за настраданите во износ од 300 000 денари.

„Оваа година Денот на Општина Новаци се одбележа со скромни активности меѓу кои полагање на цвеќе на гробот на Пеце Матичевски, кој загина во конфликтот во 2001 година, полагање на цвеќе пред бистата на Славко Лумбарковски во основното училиште во Новаци, чиј патронен празник исто така се празнуваше, рецитал, историски час, ликовна изложба и доделување на благодарници на учениците за најдобри достигнувања-стои во информацијата од Општината Новаци.