Секторот за внатрешни работи во Битола поднесе кривична пријава против 50 -годишната В.Д од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавената, како медицинска сестра и поранешна сосетка, правела преврски на рана на И.К. На тој начин стекнала доверба кај нејзниот син и како противуслуга од него, во повеќе наврати побарала пари на заем.
Во периодот од 08.07.2015 до 12.07.2017 година, К.К. и дал евра, денари и австралиски долари во вкупна вредност од 209.100 денари, за кои пријавената постојано ветувала дека ќе ги врати, но до пријавување на случајот тоа не го сторила.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
