Нов асфалт за улицата Јуриј Гагарин во Козле
Posted by: Битолски Весник
in Македонија
October 11, 2017
1,644 Views
Општина Карпош продолжи со редовните градежни активности на своја територија. Во таа насока, денеска започнаа работите со гребење на асфалтната површина на улицата Јуриј Гагарин која се наоѓа во урбаната заедница Пецо Божиновски-Кочо, во населбата Козле. Ќе се реконструираат коловозот и тротоарите на улицата во должина од 575 метри, а изведувач на инфраструктурниот зафат е фирмата „Ескаватори”. За оваа намена, локалната самоуправа од својот буџет издвои 6.540.000 денари.
асфалт буџет денари Козле 2017-10-11