Марија Младеновска- Димитровска единствена Македонка на Европскиот конгрес на психолози во Ломоносов,Москва
						
		
	Posted by:  Битолски Весник 
	
	in  Uncategorized
	
		
	 July 3, 2019	
	
4,465 Views 
	
				
					
					
-  Вчера во “Кремељ палатата” во Москва, која е една од најдобрите инајпрестижните  театарски  и  концертни   сали  во   Русија,    пред   околу  6.000 присутни, на спектакуларен начин свечено беше отворен 16 европски конгрес за психологија. На Конгресот, кој од 1 до 5 јули,  се одржува на Московскиот државен универзитет   Ломоносов,     учествуваат     преку   2.500   психолози, универзитетски   професори,     научни   работници,   од   83   земји   од   Европа   исветот:   Русија,   САД,   Германија,   Турција,   Кина,   Италија,   Шпанија,Индонезија, Хонг Конг, Австралија,  Бразил…
 - На овој најголем научен собир за психолози, не само во Европа, туку иво   светот,   Македонија   со   свој   научен   труд     ја   претставува   единствениот претставник,   психологот   од   Битола,   магистер   по   психологија   МаријаМладеновска – Димитровска. 
 - Научниот труд, кој е областа на социјалната психологија, претставуваопсежно   истражување   на   Марија   Младеновска-   Димитровска     за“Поврзаноста помеѓу авторитарноста, национализмот, етничката дистанца и прифаќањето на антидемократските  вредности кај младите”.
 - Марија Младеновска- Димитровска е магистер по психологија и работикако стручен соработник  во средното училиште “Таки Даскало” во Битола. Претходно   Марија   Младеновска   –   Димитровска,   која   има   објавено голем   број   научни   трудови,   имаше   свој   научен   труд   и   во   Харвард Унивезритетот во Бостон, САД.
 - -Со учеството на  Европскиот конгрес во Ломоносов, Москва, конечно ми   се   исполни   мојот   сон   да   учствувам   на   еден   ваков   исклучителен,   не  само Европски, туку јас би рекла и светски конгрес на психолози. По Харвард во Бостон, САД, учеството   на Конгресот во Ломоносов во Москва  е признание за мене бидејќи на овој светски признат   и познат Универзитет, каде за жал или за среќа јас бев единствен преставник од Македонија, се поставени темелите на психологијата.
 -  Самото присуство на над 2.500 психолози од 83 држави во светот доволно зборува за угледот кој го има Унивезритетот Ломоносов во светот, ни изјави Марија Младеновска- Димитровска во Москва.
 - Специјално од Москва Менде Младеновски
 
										
					
									 
				Марија Москва				2019-07-03