|          Преку  платформата  ZOOM беа промовирани 10 нови видеа на знаковен јазик, дел од постојаната поставка на НУ Завод и музеј Битола.       Промоцијата ја следеа учениците и професорите од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – “Кочо Рацин“ во Битола, дефектолози од Куманово, Скопје (Иднина) како и лица со оштетен слух од Битола.      Интерпретатор на знаковен јазик беше Катерина Шаркоска, а наратор: Силвана Петрова Насух. Координатор на проектот е м-р Јове Парговски, а раководител Д-р Ирена Ружин. Проектот “Ние во музеј” е поддржан од Министерство за култура.  | 
 
		
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
				