Home / Вести / Битолската библиотека ги награди најверните читатли

Битолската библиотека ги награди најверните читатли

        Битолчани и во овие услови на пандемија дел од своето слободно време го искористија дружејќи се со книгите од нашата библиотека.

Иако минатата  година неколку месеци Библиотеката  не работеше, битолчани тоа го надоместија со зголемување на бројот на нови читатели и со изнајмување на книги во двата оддели.

Минатата  година во библиотеката беа изнајмени над 30 000 книги од сите жанрови. Читателите од секоја категорија се дружеа со жанрот кој нив најмногу им одговара, а ние се потрудивме да ги задоволиме и најпребирливите.

        НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година ги награди најредовните читатели.

        Добитниците на наградите се поделени во неколку категории и тоа:

  • Читател на годината со најмногу изнајмени книги во  2020 година е Жанета Тошеска;
  • Најмлад читател  со најмногу изнајмени книги е Никола Ицоски;
  • Категорија  – основно образование,  добитник е  Марија Јоновска;
  • Категорија – средно образование, добитник е Ивона Бејковска.
  • Категорија – возрасни, добитници се:
  • Розитка Тодоровска;
  • Слободанка Ристевска;
  • Споменка Илиевска;
  • Сане Момчилов;
  • Славица Тромбева;
  • Белинда Сипкоска Гаштарова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*