Иако, на Eвропското првенство во кик-бокс кое се одржува деновиве во Шпанија, отпатуваа со оптимизам дека имаат можност да стигнат до медал, двајцата македонски репрезентативци од Битола, Александар Најдовски – Сканта и Александар Димовски – Димса не го поминаа првото коло.
Во полутешка категорија Најдовски беше поразен на поени, а во тешка категорија над 91 килограми Димовски е поразен со прекин во втората рунда.
Од директниот пренос на стриминг- каналот на европското првенство, само пред поливина час, се виде дека Димовски во втората рунда прими неколку удари во нога и по “броењето” на главниот судија во рингот тој се одлучи да не го продолжи мечот.
Димовски, во првата рунда имаше рамноправна борба со далеку поподготвениот руски репрезентативец.
С.Р.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
