Don't Miss
Home / Вести / Доктори од болницата „Плодност“ добија признание за нивниот значаен придонес кон јавното здравје и поддршката во искоренувањето на полиото

Доктори од болницата „Плодност“ добија признание за нивниот значаен придонес кон јавното здравје и поддршката во искоренувањето на полиото

Како и секоја година, така и оваа, на 9-ти ноември, во Магазата во Битола беше одржан значајниот настан под мотото „ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ ПОЛИО“ („Together We End Polio“), каде што нашиот тим – д-р Маргарита Камбовска и прим. д-р Аница Апчевска Василева зедоа учество, информираат од болницата Плодност.

Нашите доктори ја истакнаа важноста на превенцијата и заштитата на здравјето на децата во борбата против оваа сериозна болест.


Со гордост објавуваме дека нашите претставници добија признанија за нивниот значаен придонес кон јавното здравје и поддршката во искоренувањето на полиото.

Благодарение на овие напори, Македонија е без полио уште од 2002 година, придружувајќи се на глобалната борба против оваа болест која најчесто ги напаѓа децата на возраст под 5 години.


Нека оваа иницијатива биде потсетник за сите нас колку е важна колективната грижа за здравјето на најмладите.

Нашата мисија останува посветена кон обезбедување здравје и безбедност за сите наши пациенти, велат од најсовремената болница Плодност Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*