Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски изрази големо задоволство од посетата на Општина Новаци и новата Индустриска зона од како што вели, еден од важните бизнис лидери во Америка и голем лобист за развој на економијата во Македонија, Џери Наумоф, кој е посветен во својата улога на посредник при голем број на странски инвестиции.
„На мое големо задоволство Општина Новаци и новата Индустриска зона ја посети еден од важните бизнис лидери во Америка и голем лобист за развој на економијата во Македонија, Џери Наумоф, кој е максимално посветен во својата улога на посредник при голем број на странски инвестиции. Тој е поранешен министер без ресор задолжен за странски инвестиции, претседавач на Емеритас и основачки партнер во ТАСКФОРЦЕ компанија која вработува повеќе од 1000 млади луѓе во регионот-информираше градоначалникот Стевановски притоа додавајќи

Тој моментно е член на бордот на директори на РУМБЛЕ , компанија која е во сопственост на америчкиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски.
„Во градоначалникот Стевановски препознав човек со визија и искрена намера да направи нешто за развој на општина Новаци и целиот регион. Токму затоа сакам да ги искористам моите позиции и врски со американските бизнисмени, врските со Турција и локалниот бизнис сектор , сите заеднички да направиме многу повеќе за нашата држава. Верувам дека на Македонија им се потребни повеќе вакви градоначалници како Стевче Стевановски, кои се бизнис ориентирани и ќе го следат неговиот пример“- рече Џери Наумоф .
Бројни се нашите напори да привлечиме домашни и странски инвеститори кои би отвориле свои производствени капацитети во Индустриската зона во Новаци. Во таа насока денес на средбата беа присутни и нашиот економски промотор за Р.Турција, Рамазан Тезџан и еден од идните локални инвеститори во зоната.

„Многу мие мило што мојата работа и мојата заложба привлече и заинтересира човек како што е Џери Наумоф. Разговаравме за можностите и потенцијалите кои што ги нуди Индустриската зона во Новаци, и можам да кажам дека сум задоволен од големиот интерес кој се пројави за нашите парцели. Новаци нуди одлична локација за бизнис, бидејќи овозможува поврзување на многу ресурси, можности и потенцијали од различни стопански гранки. Можам да најавам дека во блиска иднина ќе биде ставен и камен темелник на првата фабрика во Индустриската зона во Новаци– рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци е целосно посветена на развој на инфраструктурата до и во Индустриската зона. Со средства од општинскиот буџет и од Владата се градат пристапните патишта до зоната односно три краци со вкупна должина од околу 2 км чија вредност изнесува повеќе од 60 милиони денари, а со средствата од Унгарскиот заем преку Владата и кофинансирање од Општина Новаци ќе се гради водовод, канализациона и атмосферска мрежа внатре во зоната со вкупна вредност од 26 милион денари.