Don't Miss
Home / Вести / Државно првенство во кошарка за средни училишта во Гимназијата „Јосип Броз Тито“

Државно првенство во кошарка за средни училишта во Гимназијата „Јосип Броз Тито“

Федерацијата на училишен спорт на Македонија за учебната 2024/2025 година, организацијата на Државното првенство кошарка машки од средните училишта, ја додели на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Битола.

Целокупната агенда на државниот настан, планот и програмата на Државното првенство ја презеде СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито“- Битола и Стручниот актив по спорт и спортски активности.

На настанот учествуваат: СОУ ,,Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, СОУ ,,Др. Ибрахим Темо“ од Струга, СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито“ од Битола.

Поздравни обраќања пред почетокот на настанот имаа директорката на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито”, Лидија Споа и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Преку програмата за млади и спорт, Општина Битола издвојува значајна поддршка на активностите на Сојузот на училишен спорт на Битола, а годинава поддршката е во износ од 1.500.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*