Don't Miss
Home / Вести / М-р Емилија Стефановска- Давкова: Децата да се дружат со книгите и своето време да го поминуваат во библиотека

М-р Емилија Стефановска- Давкова: Децата да се дружат со книгите и своето време да го поминуваат во библиотека

Вчера, на 16 април во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола се прикажа прекрасен перформанс на учениците од второ, осмо и деветто оделение од ООУ „Св. Климент Охридски“-Битола, кои пред присутните гости ја драматизираа бајката „Ѓаволот со трите златни влакна“.

На настанот се обратија директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска- Давкова која пред присутните ја потенцираше важноста децата да се дружат со книгите и своето време да го поминуваат во библиотека и директорката на ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Битола, Жанета Тошевска која се заблагодари за целокупната досегашна соработка со библиотека и посака уште многу заеднички настани.

Пред преполната сала, родителите и останатите гости можеа да уживаат во две музички точки „Си бил еден крал“ и „Во светот на бајките“ во изведба на учениците од второ одееление и да уживаат во перформансот на учениците во изведба на бајката.

Целта на овие активности е децата на забавен начин да се дружат со книгите, да читаат, да поминуваат време во библиотека, да другаруваат а што помалку време да се изолирани и со мобилните во рака.

Голема благодарност до двете наставнички Александра Упале и Мелина Христова кои го подготвија овој перформант овозможувајќи им на децата еден поинаков волшебен свет, светот на книгите-стои во информацијата на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*