Don't Miss
Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: Кредитот е поволен и ќе се искористи за инфраструктурата во поранешната касарна

ВМРО-ДПМНЕ: Кредитот е поволен и ќе се искористи за инфраструктурата во поранешната касарна

-Денешната прес- конференција на СДСМ беше само продолжување на нивната желба за внимание, со стари и апсолвирани теми во недостиг на нови идеи. Нивното деструктивно однесување – да се оспорува се’ што е добро и вредно , го актуелизираат и пред носењето на формална одлука на Советот за поволниот кредит за инфраструктура во поранешната касарна- реагираше на прес-конференција, советничката од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, Соња Карапашовска.
Според неа  јавноста веќе е добро запознаена дека многу се поволни условите на кредитот од Светска Банка, а особено дека – не секоја општина има кредибилитет на успешно работење за да ги исполни строгите меѓународни критериуми.

-Специјално за СДСМ да потсетиме и дека: на добивањето на кредитот претходеа темелни анализи на фискалната состојба на Општината, а од експерти од Светска Банка беше изработена обемна Физибилити студија за проектот.  Трошењето на средствата ќе биде строго наменско и ќе се реализира под постојана супервизија на сите јавни набавки и активности.  И што е најважно, каматата на кредитот од 2 и пол милиони евра изнесува помалку од 1%.
А за тоа како Општината ги распореди приоритетите на вложување во Индустриската зона Жабени, што значи и директно обезбедување услови за нови работни места, пред комуналната инфраструкура во касарната, локалната самоуправа во Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ одговара исклучиво пред пред граѓаните кои десет пати по ред јасно кажаа кому му веруваат- посочи на денешната прес-конференција во општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, советничката од владејачкото мнозинство,  Соња Карапашовска.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*