Home / Uncategorized / АД ЕСМ е заштитник на цената на струјата за домаќинствата

АД ЕСМ е заштитник на цената на струјата за домаќинствата

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во емисијата Отворено студио на Телевизија 24 уште еднаш го афирмираше ставот дека Државните електрани на Северна Македонија се заштитник на цената на струјата за домаќинствата.

На огласот за набавка на струја што го распишува универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, АД ЕСМ годинава има обврска да понуди 75 % од потребните количини на електрична енергија на граѓаните. Цената по која АД ЕСМ ја нуди струјата на ЕВН Хоум ги има во предвид и ликвидноста на компанијата и економската (не)моќ на граѓаните. Затоа, цената на струјата што ја нуди АД ЕСМ е неколкукратно пониска од онаа на останатите учесници на тендерот. Тоа се трговски компании чија најголема одговорност е профитот. Ако АД ЕСМ не понуди 100 % од потребните количини струја за задоволување на потребите на домаќинствата, тогаш ЕВН Хоум ќе ги набави тие количини по далеку повисока цена. Тоа несомнено би предизвикало уште поголемо зголемување на цената на струјата. АД ЕСМ како компанија во државна сопственост нема обврска како некои други компании единствено и исклучиво да размислува за што поголем профит. АД ЕСМ има обврска да биде и заштитник на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*