Don't Miss
Home / Спорт / Александар Соколовски сениорски првак на Македонија во куглање

Александар Соколовски сениорски првак на Македонија во куглање

Битолчанецот Александар Соколовски (КК Макпетрол) во машка конкуренција е новиот сениорски првак на Македонија во куглање на првенството што се одржа во скопските кугларници “Борис Трајковски“ и “Мусандра“.
Соколовски на првенството собори вкупно 1.228 кегли, втор заврши ланскиот првак Сашо Трпковски (Макпетрол) со 1.197 кегли, а трет е Виктор Николовски (Макпетрол) со 1.174 соборени кегли.
-Во силна конкуренција не беше лесно да се победат повеќе искусни играчи и да се закитам со првата сениорска титула. Но големата желба за успех поткрепена со игра без осцилации ме донесе на врвот. Вториот ден одиграв одлично и не дозволив приближување на конкурентите. Овој триумф ќе придонесе и понатаму да продолжам да постигнувам уште подобри резултати, рече Соколовски.
Шампионот на Македонија во куглање, битолчанецот Александар Соколовски доби повик за настап за тимот на светот на ревијален натпревар кој ќе се одигра на 27 декември во Бачка Топола.

Таму ќе настапат домаќинот, кугларската репрезентација на Србија против репрезентација на светот.

Натпреварот ќе се одигра во рамките на големиот интернационален турнир во куглање “Гранд при Војводина“.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*