Home / Вести / АНЕВСКИ-НАГРАДЕНИТЕ КУПУВАЧИ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПАТУВААТ НА ЕГЗОТИЧЕН ОДМОР НА КУБА

АНЕВСКИ-НАГРАДЕНИТЕ КУПУВАЧИ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПАТУВААТ НА ЕГЗОТИЧЕН ОДМОР НА КУБА

Јана и Александар Аневски од Скопје, добитниците на наградата „Егзотичен одмор на Куба со купен дом од Адора инженеринг“, на 1-ви ноември патуваат на 13 дневниот одмор на најпопуларниот карипски остров.

Наградата, организиран комплетен аранжман со авио лет од Скопје во туристичкиот рај Варадеро, со уживање во уникатниот кубански амбиент, на Аневски им ја додели Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг, кој им посака таа да им донесе среќа, бериќет и вредност плус во новиот дом од градежниот бренд каде грижата за купувачите е корпоративна навика.

„Чест ми беше наградата „Егзотичен одмор на Куба“ да им ја доделам на нашите верни купувачи, семејството Аневски, кои досега три пати ни ја дадоа довербата со избор на дом од Адора инженеринг. Наградата е во духот на нашата долгогодишна корпоративна традиција на купувачите секогаш да им понудиме повеќе од дом, како сатисфакција дека донеле мудра одлука за нив и идните поколенија, станувајќи дел од големото пријателско семејство на Адора инженеринг. Во наградната игра учествуваа сите купувачи на стан и деловен простор од 14-ти јули до 30-ти септември во двата најрепрезентативни објекти Адора Flatiron, новиот урбан симбол во срцето на Скопје и Дијамантската градина на Адора во скопски Карпош, кои за светскиот стил, квалитетот и иновативноста во домувањето се добитници на наградата The Bizz, 2016-та, во Монте Карло. На Аневски им благодариме на довербата и им посакуваме незаборавен одмор во магичната Куба“, порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор во  Адора инженеринг.

„Ова е наша прва награда во животот, не ја очекувавме, но пресреќни сме со патувањето во Куба, една од најпривлечните туристички дестинации во светот. Нашата цврста одлука да купиме стан од Адора инженеринг беше поради докажаниот квалитет и носењето на светскиот стандард и стил на домување во Македонија, што го има единствено во овој градежен бренд, кој ни ја оствари желбата да живееме во дом од светски ранг во Скопје“, вели Јана Аневска, купувач на два стана во уникатниот објект Адора Diamond Garden во Тафталиџе, Скопје, кој го донесе трендот на зеленото домување во Македонија.

„Благодарни сме на наградниот одмор на Куба од Адора, кој ќе го искористиме да се оттргнеме од секојдневието и по една ваква значајна одлука во животот да собереме енергија за натаму. Ова е наш трет купен стан од Адора инженеринг, а изборот на овој лидер во високоградбата е поради тоа што е единствена компанија што нуди домување со пет ѕвезди во Македонија во објектите Адора Flatiron и Адора Diamond Garden. Во стабилноста на објектите на Адора се уверивме во нашиот дом во зградата Билјанини Извори во Охрид, каде летото безбедно преживеавме серија земјотреси, што ни ја потврди довербата и лојалноста кон оваа компанија како наш сигурен партнер за квалитетно домување, која топло им ја препорачуваме на сите граѓани“, порача Александар Аневски.

Адора инженеринг 15 години во Македонија е синоним за изградба на стабилен, квалитетен, економичен и современ дом и досега има доделено бројни награди на купувачите како автомобил ПОЛО, комплетно опремување на домот, целосно универзитетско образование, дијамантски прстен, патувања во Дубаи, низ Медитеранот и Венеција. Сега е во тек наградната игра за освојување на Кросовер Mazda CX-3 што наскоро, на свеченото отворање на Адора Flatiron ќе го добие најсреќниот купувач на стан или деловен простор во овој комплекс.

Погледнете го видеото од доделувањето на наградата „Егзотичен одмор на Куба со Адора“ на следниот линк:  https://youtu.be/c0U_wz5wL-g

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!