Home / Вести / Анита Ангелевска за ТВ Тера:Мицкоски да си поднесе оставка

Анита Ангелевска за ТВ Тера:Мицкоски да си поднесе оставка

           

Одржување на вонреден конгрес, мобилизирање на партиската структура, сојузништво со граѓаните, застапување и искрена борба за нивните интереси, единствено тоа ВМРО ДПМНЕ ќе го врати на победничката патека. Политиката мора да се води и практикува со доблест и кредибилитет.

Ова денеска за ТВ Тера го изјави  Анита Ангелевска од ВМРО ДПМНЕ, која е и советник во Советот на општина Битола од оваа партија.

-Политиката мора да добие достоинство, Битола и Македонија, Вие почитувани граѓани, тоа го заслужувате. ВМРО ДПМНЕ, мора да излезе од фазата на губитник и партија која нема фокус а сега најново и партија која бојкотира избори. Денеска сум овде во мое лично во име, како долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ и актуелен советник во Општина Битола, но и во името на голем број членови и поддржувачи на мојата партија. Најмногу, загрижува фактот, што ВМРО ДПМНЕ со сегашниот претседател Мицкоски не може и нема капацитет да биде алтернатива за надминување на очајната и безизлезна состојба во Државата. Секој одминат ден без вонреден конгрес, почитувани, ја ослабува партијата, а слабо и дефокусирано ВМРО ДПМНЕ е само на штета на Македонија, на нејзината иднина и на штета на нејзините граѓани. Жените учеснички во политичките структури на ВМРО ДПМНЕ, секогаш се прогресивното јадро кое од ВМРО ДПМНЕ и во најголемите кризи прави силна и победничка партија. И токму заради демократизирањето и обновувањето на ВМРО ДПМНЕ, потребата од дијалог, дебата, анализите и определувањето на нов концепт треба да се натеријализира преку вонреден конгрес. ВМРО ДПМНЕ може и мора, веднаш, да ги мобилизира и обедини сите капацитети за победа. Само победничко и силно ВМРО ДПМНЕ може да и биде од корист на државата и сите нејзини граѓани“ изјави Анита  Ангелевска, за ТВ Тера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*