Home / Вести / Апликантите за инвертер клими го паднаа системот

Апликантите за инвертер клими го паднаа системот

Само што се отвори можноста за аплицирање за добивање субвенции за купување инвертер клими, утринава аплицираа стотици граѓани.

Според информации кои ги добивме во нашата редакција поради големиот интерес падна системот за аплицирање.

Но тоа што ги револтира граѓаните е што додека само на некои од нив им била одбиена апликацијата, веќе во наредниот момент за неколку стотини се зголемил бројот на ти кои наводно успешно аплицирале.

-Кога аплицирав бев 180 -ти. Но апликацијата ми беше одбиена.

Нешто подоцна повторно аплицирав, но веќе тогаш бев 450 на списокот.

Кога само за неколку минути “успешн“ аплицраа на 300 апликанти не знам.

Но тоа што знам е дека сега има голем број нелогичнотси во аплицирањето.

Инаку во Битола голем е интересот за добивање убвенции. Продавниците кои тргуваат со клими веке неколку дена не даваа(т) профактури и дека истите се земаат под рака, а од извори на Битолски весник дознаваме дека голем број битолчани сега во Битола и околните општини бараат да купат стари шпорети на дрва кои мислат да ги предадат на ЈП Комуналец за да можат да ги исополнат условите за купуање клими.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*